Го отворате сајтот — не се вчитува. Паника, потоа телефон.
Застанете пет минути. Овој редослед ја наоѓа причината, и понекогаш решението.
1. Дали е кај сите или само кај вас
Отворете downforeveryoneorjustme.com и внесете ја адресата.
Ако таму работи — проблемот е кај вас: интернет, DNS кеш или прелистувач. Пробајте од телефон на мобилен интернет.
Ова го решава повеќе од половина од паниките.
2. Која точно е пораката
Разликата е важна:
„Не може да се воспостави врска“ — серверот не одговара. Хостинг или DNS.
500 Internal Server Error — серверот работи, сајтот пука. Плагин, тема или код.
„Error establishing a database connection“ — базата. Види точка 5.
Бела празна страница — PHP грешка со исклучен приказ.
Предупредување за безбедност — SSL сертификатот истекол.
3. Дали доменот е платен
Најнепријатната причина, и почеста отколку што мислите.
Проверете на WHOIS до кога важи. Ако истекол, сајтот и мејлот престануваат истиот ден.
Најчеста приказна: известувањата оделе на мејл што никој не го чита.
4. Дали хостингот е платен
Истото. Повеќето хостинзи гасат по неколку дена задоцнување, но не сите известуваат гласно.
5. Грешка со базата
Три можни причини:
- Сменета лозинка на базата, а не е ажурирана во
wp-config.php - Пречекорена квота на серверот
- Базата е преоптоварена
Проверете во cPanel дали базата постои и колку простор е зафатен.
6. SSL истекол
Прелистувачот прикажува предупредување и повеќето посетители се враќаат назад.
Let's Encrypt се обновува автоматски — но ако обновата паднала, се обновува рачно од cPanel за минута.
Ако сè изгледа во ред, а не работи
Проверете дали сте направиле нешто во последните 24 часа: ажурирање, нов плагин, промена во DNS. Најчесто причината е последната работа што сте ја допреле.
Ако имате бекап од пред промената — вратете го. Побрзо е од барање.
Кога да се јавите
Веднаш, ако сајтот носи пари. Но кажете што сте провериле — тоа го скратува решавањето од час на десет минути.