Странските споредби велат едно. Кај нас две работи ја менуваат сметката: плаќањето и кој ќе го одржува.
Wix — најбрзо до сајт
Добро за: едноставен презентациски сајт што сакате сами да го направите за викенд.
Плус: влечи-и-пушти, не треба знаење, хостингот е вклучен.
Минус: сајтот живее кај нив. Не може да се пресели. Ако некогаш прераснете, се почнува од нула.
За Македонија: плаќањето со картичка преку локална банка не е поддржано директно.
Shopify — најдобро за продажба, ако се вклопува
Добро за: продавница со многу производи, каде сакате сè да работи веднаш.
Плус: продавницата е нивна специјалност и се гледа. Магацин, варијанти, статистика.
Минус: месечен трошок што расте. И како кај Wix — не е ваш.
За Македонија: ова е клучното. Shopify Payments не работи кај нас, а поврзувањето со CPay бара посредник или прилагодување. Многумина го откриваат дури откако ќе ја направат продавницата.
WordPress — најфлексибилен, но бара старател
Добро за: речиси сè — од презентација до продавница, ако имате кој да го одржува.
Плус: сајтот е ваш. Можете да го преселите кај друг хостинг кога сакате. Има готов приклучок за CPay.
Минус: ажурирања, бекапи, безбедност. Ако никој не се грижи, за година станува проблем.
Табелата за одлука
Сакам сам, брзо, едноставно → Wix
Продавам во странство, сакам сè готово → Shopify
Продавам во Македонија со картичка → WordPress + WooCommerce
Сакам сајтот да е мој и да го селам → WordPress
Немам кој да го одржува → Wix, или WordPress со договор за одржување
Прашањето што ретко се поставува
„Што ако за три години сакам нешто друго?“
Со WordPress ги земате фајловите и базата и одите. Со Wix и Shopify — правите нов сајт и почнувате од нула со SEO.
Тоа не значи дека се лоши. Значи дека изборот има цена подоцна, не само сега.
Скриениот трошок кај сите
Ниту еден од трите не ја пишува содржината. Текстови, слики, описи на производи — тоа е работата што трае најдолго, независно од платформата.
Ако буџетирате само за изработка, а не и за содржина, сајтот ќе стои полупразен.